Нападнал адвокатка па сега избегал, распишана потерница по кочанчанецот Александар Стојанов

Лицето Александар Стојанов викан Џуката е во бегство, не се појави на судењето, судењето е откажано за идна неопределена дата. Вака адвокатката од Кочани, Цветанка Тунџева коментираше по судењето кое денеска требаше да се одржи во Основен Суд Кочани. Таа е една од многумината кои биле нападнати од страна на Стојанов, а се јавува и како полномошник на неколку жртви. Стојанов кој е познат на кочанската јавност од вчера е недостапен за полицијата, судот и обвинителството. Откако го издржал осумдневниот притвор во Куманово бил пуштен на куќен притвор и веќе е во бегство. За Тунџева останува нејасно зошто и како Кривичниот совет при Основен Суд Кочани ја донел оваа одулка.

„Се работи за повеќекратен сторител на повеќе кривични дела за кои се во тек кривични постапки и за кој веќе има извршено разбојништво. Има изречено пресуда за издржување казна затвор во траење од четири години. И за таа пресуда требаше да се јави на Суд денеска 15 март во затворот во Штип. За сторено насилство по пријава, по брзо и професионално постапување на Јавниот обвинител, на судија на претходна постапка му беше определена мерка притвор во траење од осум дена во Куманово во притвор. По истекот на осумте дена Кривичниот совет при Основен Суд Кочани мерката притвор му ја земани со домашен притвор, без никаква релевантна и оправдана причина. Од овде е и прашањто зошто е куќен притвор кога знаеме дека се работи за познат строител на кривични дела, за лице кое има повќе преставки, за лице кое повеќе пати се дава во бегство и самиот кривичен совет знае дека со Куќниот притвор не може да го обезбеди, ниту МВР не може да го обезбеди и тоа се случи. Лицето се наоѓа во бегство, лицето Александар Стојанов, познат на целиот град“ – вели Тунџева.

Денеска во кочанскиот Основен суд пристигна и одлуката на штипска Апелација, со која се укинува одлуката на судскиот кривичен совет на кочанскиот суд за куќниот притвор на Александар Стојанов. Тунџева поочува дека Стојанов од денеска требало да се јави и на издржување на четиригодишна казна затвор за кривично дело разбојништо, а токму пред две години физички ја напаѓа и судијката при објавување на оваа пресуда. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврди дека за кочанчанецот Александар Стојанов е распишана централна потерница. Ова не е првпат по овој познат насилник од Кочани да се распишува потерница.

Лаура Стојанова М-Нет