
Оваа пролет ќе започне инсталацијата на фотоволтаици на кровот на Новиот рекотрат во Штип. Ќе се инвестираат сопствени средства од два милиони денари, со цел да се намали поторшувачката на електрична енергија, како и сметките за струја. Рекотрот Дејан Мираковски истакна дека како институција која троши струја во текот на денот ваквиот систем ќе има големо влијание за намалување на потрошувачката на електрична енергија. По фотоволтаиците на Новиот ректорат ќе се пристапи и кон поставување фотоволтаици на Кампус 2 и Правен факултет.
„Ние планираме изградба на сопствени, бидејќи кога не удри кризата сите видовме дека е важно, ние сме дневен потрошувач, јадрото од струјата го трошиме во текот на денот кога имаме студенти и овие системи идеално одговараат за нас. Веќе имаме распишано за 36 киловатен систем, во тек е постапката за јавна набавка на овој објект каде што сме сега на новиот ректорат, 108 киловати постројка ќе биде поставена на Правен факултет и 252 киловати ќе биде поставена на новиот рекотрат.“ – вели Мираковски.
Средства за првите фотоволтаици веќе се набавени, а се очекува до крајот на годината да се обезбедат и за останатите кои е планирано да бидат поставени. Над 20 милиони денари се потребни за да се постават централи на трите објекти за да се произведува струја од сонце.
„За 252 киловатен систем, за најголемиот кај Кампус 2, ќе ни овозможи и вишок енергија која ќе оди на системот на продажба и кошта околу 13 милиони денари проценет и на стариот ректорат проценката е два милиони.
Мираковски додаде дека поставувањето на фотонапонските централи ќе оди етапно, а според калкулациите за година и пол ќе се вратат парите, кои се инвестирани во нив. Трошоците за струја ќе се минимизираат, бидејќи производството од фотонапонските панели е доволно за задоволување на потребите на објекти, а од најголемата сончева централа на Кампус 2 ќе може и да се продава струја во мрежата.
Лаура Стојанова М-Нет