
Од основното училиште „Ванчо Прке“ денеска започнаа низата превентивни предавања со цел учениците да се запознаат со булингот како и начините на кои може да пријават, да се заштитат и да спречат врсничко насилство.
„Денес Отсекот за превенција при СВР Штип од Основното училиште Ванчо Прке ги започнува низата едукативни превентивни предавања во врска со булингот кој преставува секја форма на агресивно и насилничко однесување меѓу учениците. Учениците ќе ги запзнаат начините, причините, а потоа и како да пријавуваат“ – додаваат од полицијата.
Ваквите предавања се секогаш добредојдени вели директорот на Основното училиште „Ванчо Прке“. Додава дека преку едукација основците ќе научат како да го спречат булингот и да не го практикуваат. Акцент се става и на насилството на социјалните мрежи.
„Секое предавање од ваков тип е добредојдено, нормално подобро е превенција отколку да ги лекуваме подоцна последиците кои не секогаш се добри. Во поново време јасно е дека булингот не е само физичко насилство или психичко туку е присутно и по социјалните мрежи, затоа треба да бидеме во тек со времето и овој тип на булинг што е можно побрзо да го превенираме“ – вели Радев.
Границата меѓу играта и насилството се повеќе се намалува, а децата наместо да другаруваат тие се повредуваат меѓусебе покажале последните анкети направени од страна на невладината организација ЕХО.
„Неделава во соработка со Општина Штип и СВР Штип одржуваме предавања за да ги едуцираме младите што значи игра, а што насилство бидејќи границата е се помала, децата не знаат да другаруваат едни со други туку постојано се истакнуваат едни меѓу други и да се повредуваат. За таа цел ги држиме токму овие предвања, изработуваме промотивни материјали“ – додава Богдан.
Денешната активност е дел од програмата за еднакви можности на Опшина Штип во соработка со основните училишта и Отсекот за превенција при СВР Штип.
Лаура Стојанова М-Нет