Жени се столбовите на Општина Штип

Поголем е бројот на жени кои се на одговорни функции во Општина Штип за разлика од мажите. На чело на второто место во општината е жена, со што се испраќа јасна порака дека жените можат и донесуваат одлуки, но и учествуваат во креирањето на политики. Тоа е и една од главните поенти на жените, не само да ги извршуваат работите туку и да учествуваат во донесувањето на истите, истакна секретарот на Општина Штип, Вишна Шорова – Ангелова, која им го честиташе празникот на сите жени.

„Ова утро кога го одржавме дневниот утрински координативен состанок почнавме да броиме колку мажи а колку жени се на одговорни функции. Утврдивме дека поголем е бројот на жени на одговорни функции во општината отколку мажи. Со тоа испраќаме една сериозна порака и за јавноста но и за сите жени во градот дека жените достигнале едно повисоко ниво на унапредување на нивната улога во општеството, бидејќи извршуваат задачи, но и носат одлуки“ – вели Шорова Ангелова.

И на чело на Советот на Општина Штип четврти пат по ред е жена. Од 23 советници 10 се активни жени кои учествуваат во креирањето на политиките и донесувањето одлуки за доброто на градот и граѓаните.

„Најпрво би сакала да го честитам денешниот празник на сите жени. Да се биде жена на висока функција е навистина прекрасно. Јас сум претседател на Советот на Опшштина Штип, со гордост можам да кажам дека четврта по ред претседателка на совет, така да фактот сам по себе зборува дека поделбата на функциите во однос на полот во нашата општина не е пракса. На жените им се дава рамноправна улога, рамноправно место во одлучувањето и донесувањето на одлуки важни за општественото живеење“ – вели Кожинкова.

Штип е град во кој жените во Локалната самоуправа се рамноправни со мажите, жени се поставени и на високи институции и управуваат и менаџираат со истите, дециден е и градоначалникот Иван Јорданов.

„Дефинитивно Штип е град во кој жените се вклучени имаат свој белег во развојот на градот од минатато и денес, и гласно се зборува и гласно треба да говориме не само овој ден за правата на жените, за нивната вклученост. Во рамики на Локалната самоуправа жените се рамноправни, вклучени. Имаме жени осветнички, жени менаџери кои управуваат со одредени институции, претседател на Совет, секретар на општина кои се жени кои се вклучени во спроведувањето на политики и носење на одлуки“ – вели Јорданов.

Не само денеска, правата на жените треба да се негуваат секојдневно, а пораката е да бидат силни и да се борат за истите.

Лаура Стојанова М-Нет