
Единствената жена волонтер во Доброволното противпожарно друштво Кочани. Стојка Антова е единстевената жена која е член на друштвото од неговото формирање. Рамо до рамо со машките пожарникари, излегува на терен и учествува во гасењето на пожари, но учествува и во сите останати акции организирани од страна на ДПД Кочани. Вели радост и гордост за неа преставува можноста да направи нешто, да помогне и да придонесе за доброто на општеството.
„За да се биде жена волонтер како прво треба да се има желба. Секогаш си во прв ред и рамо до рамо со машките пожарникари. Кога ќе ја облечеш унифомрата, наместеш го шлемот и не може да се препознае дали си ти машко или женско. Од првиот ден, од 15 септември 2021 година сум член на ДПД Кочани.„ – вели Антова.
Во униформа и со шлем на глава не се прави разлика дали пожарникарот е машко или женско. Антова заеднички со останатите членоцви на друштвото ги има поминато сите обуки, и се има стеканато со неколку сертификати.
„После тоа следуваа обуки и со пожарникарите на ТППЕ Кочани кои доста ни помигнаа и не научија. Исто и со ДСЗИ имавме обуки кадешто зедовме и сертификати, имавме обука и со дрегерите и со апаратите за дишење во затворен простор каде заслужено зедовме сертификати. Сите во ДПД сме рамо до рамо, нема машко или женско, ние сме едноставно како едно семејство“ – додава Антова.

Мајка, жена волонтер, прв женски лиценциран водич во Истокот, Антова пред камерите на М-Нет телевизија раскажува дека ова го работи со голема желба, и токму заради тоа не и преставува потешкотија. Додава дека време може да се најде за сѐ, ако за тоа се има желба.
изјава 02.06 јас 02.26 македонија
„Јас исто така и професионално се занимавам со плнинарството и сум член на ПСК Осогово од Кочани и сум првиот женски лиценциран водич на Истокот.“ – вели Антова.
Антова беше дел од акцијата спроведена за воспоставување на ред во сообраќајот на Пониква, дел од сите пожари на кои повикани беа и членовите на ДПД Кочани. Ова друштво брои 50 членови, од кои 25 се постојано активни, а Антова е единствената жена волонтер.
Лаура Стојанова М-Нет