
Штипско Ново Село ќе добие автентичен лик, со поплочени улици со камени плочи како што доликува за просторот. Ова како идеја беше презентирано уште минатата година, а наредниот месец веќе се очекува да започне првата фаза од реалзирањето на овој проект. Градоначалникот Иван Јорданов, истакна дека средства се обезбедени за првата фаза, а ќе се обезбедат и дополнителни пари за целосно завршување на проектот оваа и наредната година.
„Со оглед на тоа дека проектот веќе е завршен, одобрени се за прва фаза 7,5 милиони денари Од ИПР преку Бирото и заедно со Општина Штип ќе се реализира овој прокет. Очекува веќе од наредниот месец да да се завршат, и да се добијат конзерваторски дозволи за да се распише тендерот за реализација на овој проект. По завршувањето на првата фаза се планира и дополнителни средства да одвоиме како општина за втора фаза да бидат поплочени наредната година. Како една целина очекувам оваа и наредната година да бидат поплочени во автентичен стил со камени плочи сите улици“ – вели Јорданов.
Освен поплочувањето на улиците, Јорданов истакна дека ќе се работи и на реставрација на куќите. Дел од куќите во Ново Село се во сопственост на општината и има дозвола за нивна реставрација. Точен број колку куќи ќе бидат променети нема, но според Јиорданов станува збор за поголем број на куќи.
„Она кое го имаме како план и како проект е реставрација на неколку куќи во Ново Село кои во наредните години се надевам ќе бидат завршени. Сепак станува збор за процедура, проекти кои зависат од други релевантни институции. Имајќи предвид дека најголем дел од куќите се заштитени, ние сме во фаза на расмислување за рестраврација на голем број куќи.“ – додава Јорданов.
Јорданов истакна дека се бара начин за изнаоѓање финасиски средства и реализирање на прокетот со кој штипско Ново Село ќе доие автенитичен стил, со поплочени учици и реставрирани куќи.
Лаура Стојанова М-Нет