Лекарите со совети и препораки – навикнете го организимот на умерена храна по постите!

Умерена храна, внес на алкохол, газирани пијаловци, редовни и умерени оброци по завршување на постите претпорачуваат лекарите. Граѓаните кои 40 дена постеле за Божиќ, пред Божиќната трпеза треба да го навикнат организмот на друга храна поразлична од онаа што се внесувала во изминатите 40 дена. Лекарите советуваат граѓаните да бидат доста внимателни бидејќи во спротвино во ризик го ставаат сопственото здравје.

„Не треба да се претперува со обилни, масни оброци, зато што сѐ тоа може да се одрази на здравјето бидејќи во претходниот период биле навикнати на еден друг начин на исхрана. Се она што ќе почне да го консумираат за Божиќ може да и направин нелагодност. Во однос на гастрични тегоби, надуеност, киселина дури при премногу мрсни оброци ако не се надмине тој преоден период може да дојде и до воспалување на жолчната кеса, панкреатит како најсериозно манифестирање“ – вели Митрова.

Препораките важат за сите, не само за оние кои постеле во изминатите 40 дена, вели доктор Митрова. Посетата на одринациите по празниците зависи од тоа на кој начин постеле граѓаните, како го прилагодиле организмот на мрсната храна.

„Ние од првославната вероисповед имаме два годелми поста, за Божиќ и за Велигден. Но, оние што се од муслиманска вероипсповед имаат порадикални пости и се забележува позначително нарушување на здравјето, малаксаност, дехидрирање“ – додава Митрова.

Доктор Митрова вели дека не само по завршување на постот и за време на праниците умерена внес на храна и пијалоци е половина здравје, кое треба да се почитува за поретко да се посетуваат лекарските ординации.

Лаура Стојанова М-Нет