Маските се вратија во „игра“, наместо за корона сега се користат против магла и загаден воздух

Густата магла од утринава полека се намалува, ама мерните станици во Штип и понатаму покажуваат високи ПМ честички во воздухот. Од дозволени 50 ПМ честички во текот на денот вредностите на мерната станица се искачија и над 200. Но, и покрај загадениот воздух, централното градско подрачје во Штип раздвижено.

Поголем дел од граѓаните кои денеска пред празниците беа на отворено носеа заштитни маски со цел да се заштита од загадениот воздух. Пред камерите на М-Нет телевизија велат загаденоста и маглата се чувствуваат, а ваква појава не паметат долго време.

Штип во ваква состојба е за првпат после долги години, односно веќе осум ден мерните станици мерат над дозволеното. Препораките остануваат исти, граѓаните баараат начин како да се заштитат и да останат дома со цел да не дишат загаден воздух.

Лаура Стојанова М-Нет