Ковачевски: Нема субјективна причина поради која Штип не доби општинска обврзница

Не постои субјективна причина поради која Владата ја одби општинската обврзница на Општина Штип, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски на пуштањето на делницата Крупиште Кочани. Вели дека се прават соодветни анализи од страна на Министерството за финансии и потоа се одобрува на од Парламентот. Ако е во рамки на предвиденото, процедурата продолжува додава Ковачевски.

„Во однос на задолжувањата секогаш се прават соодветни анализи од страна на службите во Министерството, овде се работи за Министерството за финасии и штом ќе бидат направени сите анализи согласно со стратегијата за јавен долг на државата и согласно со претпоставките од таа стратегија за јавен долг којашто се одобрува од Парламентот на крајот од денот и доколку е во рамки на претпоставките тогаш процедурата ќе продолжи“ – вели Ковачевски.

Општина Штип беше првата општина која побара општинска обврзница по примерот на европските градови. Со истата требаше да се обезбедат пари за булеварот Партизанска, обиколноца во Штип, можност на ЈП Исар преку поставување фотоволтаици да произведува електрична енергија, односно капитални проекти кои се од големо значење за граѓаните. Двапати одлуката за доделување обврзница беше тргната од дневен ред на Седница на Влада, за што градоначалникот Јорданов истакна дека Владата е кочница за реализација на проектите на Штип и штипјани. Општинска обврзница по Штип побара и Општина Виница.

Лаура Стојанова М-Нет