ВМРО Кочани: Централната власт е во „лов на вештерки“ СВР Штип: Информациите се лажни

Централната власт и Владата конечно прифатија дека потфрлија со снабдување со енергетската криза, инфлацијата, зголемената сиромаштија, владеењето на правото и водењето на државата на прав пат, истакнаа денеска на прес конференција од ОК на ВМРО ДПМНЕ Кочани. Од та,у додаваат дека со цел да се прекријата незаконските работи во општината, Централната Власт во соработка со МВР започнале со лов на вештерки. Таков е и случаојт со обвинението во СОУ „Гошо Викентив“.

„Целта е по општините каде локалната власт ја има ВМРО да се прикажат раководителните на локалните институции со наводни незаконски местенки, а целата операција ќе се спроведува преку МВР која оддамна ја изгуби својата вистинска вредност и намена. Со ова ќе се направи целосен дефокус на реалните проблеми и аномалии во Општина Кочани, како што е трговијата со наркотици, дивеењето на идредени граѓани кои се недопирливи поради нивните конекции со МВР, сообраќајниот хаос и други нелегални работи. Конкретно за обвинението во СОУ Гошо Викентиев се работи за незаконски упад на службеници од МВР Кочани на ден 18.10.2022 без соодветно легитимирање и без соодветен налог од Јавното обвинителство незаконски одзеле документи од архивата на училиштето и немаат запис за целата таа постапка“ – кажаа од ВМРО.

Од СВР Штип- ОВР Кочани најостро ги демантира лагите изнесени на прес конференција на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани. Велат дека при поднесувањето на кривичната пријава против директор на училиште е постапено во координација со надлежен јавен обвинител и со судија од Основен суд Кочани, при што е испочитувана целата законска процедура. Затоа, апелираме да престане ширењето на лаги со цел да се попречи правдата.

„Ве известуваме дека од страна на полициски службеници од ОВР Кочани во координација со ОЈО Кочани преземени се сите потребни мерки и активности во врска со овој случај и на 18.10.2022, согласно член 49 од Правилникот за вршење на полициските работи извршен е увид во документацијата и евиденциите на СОУ „Ѓошо Викентиев“ Кочани, по што е обезбедена наредба од судија на претходна постапка од ОС Кочани, одземена е документација и по целосно документирање на предметот, на 24.11.2022 година до ОЈО Кочани е поднесена кривична пријава против С.З. за кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“.
Имено, пријавениот, вршител на должноста директор на Средно општинско училиште „Ѓошо Викентиев“ во Кочани, со отпочнување на учебната 2022/2023 година дал под закуп деловен простор, сопственост на училиштето, на правно лице од Кочани, без да спроведе посебна постапка за закуп на недвижни ствари со електронско јавно наддавање и без да склучи Договор за закуп на деловен простор. Пријавениот бил должен да формира комисија за располагање со недвижни и движни ствари на училиштето, која ќе ја спроведе постапката за електронско јавно наддавање за давање под закуп на деловен простор и да склучи Договор за закуп на деловен простор со најповолен понудувач, односно учесник на јавното наддавање кој понудил последна цена која претставува највисока цена за месечната закупнина. Но, пријавениот ја искористил својата службена положба и овластување и сам го избрал правното лице на кое му го дал деловниот простор под закуп. На тој начин пријавениот го оштетил буџетот на училиштето, а на правното лице му овозможил бесправно да стопанисува со бифето и да се стекне со поголема имотна корист.“ соопштија од СВР Штип.

Лаура Стојанова М-Нет