
Денес беа одиграни пет од шест натпревари од 10. коло од Третата македонска фудбалска лига – Исток.
Дербито на колото се одигра во Свети Николе каде Овче Поле со минимални 1:0 славеше над Малеш од Берово. Трите бодови останаа дома со голот на Дарко Нацев.
Сосема очекува лидерот Осогово запиша висока победа од 9:0 над „фенерџијата“ Вардарски од Богданци. Тоше Манов постигна четири погодоци, а пак Христијан Крстов два, во листата на стрелци со по еден гол се запишаа и Стоиловски, Јованов и Дојчинов.
Брегалница запиша уште еден пораз, откако среде Делчево беше поразена од Спартмани со 1:2. Гостите од Градско Балдовци стигнаа до водство од 0:2 со головите на Митров и Црнгаров, додека пак пред крајот на првиот дел Анастасовски погоди за конечни 2:1.
Тиверија со минимални 0:1 славеше кај Карбинци, а стрелец на победничкиот гол беше Ване Новков во 60. минута.
Победа од Валандово не допатува во Пробиштип, па Рудар овој меч го доби со службени 3:0 и службени три бода.
Новајлијата Академија Чешиново-Облешево запиша нов триумф, откако на домашен терен со 2:1 славеше над Дојранско Езеро.
Јакимов во 15. минута постигна гол за водство од 1:0 за домашните, а веќе во 23. минтуа Димков обезбеди двојна предност. Гостите од Дојран во 89. минута го ублажија поразот од 2:1 со гол на Коколански.
Александар Ванев