
Православната црква денеска го слави светиот великомаченик Димитриј Солунски, роден во Солун во имотно семејство. Со назначување од царот Максимилијан, младиот Димитриј требало да го наследи својот татко и пожестоко да ги гони христијаните. Но, наместо тоа тој им помагал и така и самиот бил предаден на маки.
“Царот Максимилијан го назначил младиот Димитриј да го населди неговиот татко, Му дал инструкции колку може пожестоко да ги гони христијаните, но младиот Димитриј бидејќи е вистински христијанин не ги гонел туку уште повеќе им помагал на христијаните. Ова дошло и до ушите на царот Максимилијан кој на враќањето од воен поход застанл во Солун да види и да провери што се случува. Го повикал при себе Димитрија, а тој го изобличил царот за својата безбожност и неговото свирепо гонење на христијаните, па и тој самиот бил предаден на маки.“ – кажа поп Добрица.
Свети Димитриј бил погубен молејќи се на Бога, а неговите чуда и ден денеска се големи и се слават.

„Седејќи во келијата измачуван и тепан Свети Димитриј се молел на Бога постојано и му се јавил ангел господов кој го крепел и му зборувал да издржи бидејќи ќе се приближи времето кога тој ќе ја предаде душата своја на Бога. Така и се случило, еден ден дошле стражарите да го изведат на губилиште, но гледајќи како тој се моли и околу него се појавува светлина тие од страв со копје го прободеле преку решетките и така маченички погинал. Неговите чуда и денес се големи“ – додаде Јанев.
Денешниот празник посветен на Свети Димитриј или меѓу народот познат како Митровден секоја година се слави на 8 Ноември, менува ден но не и дата.
Лаура Стојанова М-Нет