
Исплаќањето не пензиите приоденесе за раздвижености во централното градско подрачје во Штип. Пензионерите ги подмирѕваат своите обврски, плаќаат сметки, купуваат храна, ама покачувањето на пензиите не го чувствуваат. Анкетираните велат во време на инфлација покачувањето од околу илјада денари е ништо. Покачени се цените на основните призводи за живот, цената на струјата, па нивното покачување во споредба со се останато е речиси неприметливо.
Пензинерите согласни дека треба да има нови мерки, или барем покачување на пензиите како што растат и цените на производите. Само на таков начин велат може да се преживее и да се излезе на крај со и така високите цени на производите, струјата, нафтените деривати.
Етапното исплаќање на пензиите започна на 31 октомври, а е со цел да сне се создваат гужви пред банките и со тоа да се заштити јавното и колективно здравје на граѓаните.
Лаура Стојанова М-Нет