
Градоначалникот Јорданов да излезе и да прошета по улиците во ннаселба Автокоманда и да напри увид во нивната неспособност, повикаа денеска на прес конференција од ОО на СДСМ Штип. Од таму велат дека поради неодговорната Локлана власт граѓаните се заглавени во кал до колена.
„Вака изгледа проектот „Штип без кал“ на Иван Јорданов и ДПМНЕ на дело. Улиците „Солидарност“ „5 конгрес“ и „Браќа Даневи“ чекаат на нивна реконструкција и нивно асфалтирање преку Министерството за транспорт и врски, откако ќе заврши обврската за примена на дел од водоводната и канализациона мрежа која е на Општина Штип. Два месеца надлежните ги оставија жителите од населба Автокоманда со раскопани улици и чести прекини во водоснабдувањето“ – велат од СДСМ.
Граѓаните имаат право на забелешка, одговори градоначаланикот Јорданов, но не и СДСМ заради кои улици кои се реконстрирани се реконстуираат повторно бидејќи се работи на стара и дотраена водоводна мрежа. Упати извинување до граѓаните, додавајќи дека за да се направи нешто во градот прво треба да се раскопа.
„За да ги направиме улиците во град Штип, прво треба да ги раскопаме. За цела среќа овојпат првата година од мандатот се копа, а не како порано шминка пред избори. Јас оваа прилика ја користам да се извинам на граѓаните коишто живеат овде, тие имаат право на забелешка, но не и СДСМ кои доведоа до оваа ситуација денеска“ – одговри Јорданов.
Јорданов истакна дека темелно се работи на промена на канализационата и водоводна мрежа етпано во повеќе населби, со цел модерна инфрастуктура.
Лаура Стојанова М-Нет