
Младата Минела Богдановиќ е србинка која студира на музичка академија во Скопје. Веќе подолго време живее во Македонија и настапува низ градовите во државта. Пред неколку дена на настапот во Штип, Богдановиќ пред камерите на М-Нет телевизија истакна дека овде веќе се чувствува како дома. Настапува како дел од бендот но има и свој автосрики бенд за преработка на традиционални песни во модерен стил.
„Македонија ми е многу поблиску од мојот главен град Белград, така да тоа беше пресудно. Со мојот бенд што правиме забави настапуваме секаде во Македонија, свириме репертоар аренби, факн, џез, забавен репертоар. Имам и авторски бенд мој и обработуваме традиционални песни во модерен стил“ – вели Богдановиќ.
Богдановиќ вели дека луѓето сакаат само забава, а јазикот на музиката е универзален и сите го разбираат. Себе си се гледа како ументик.
„За мене музика е музика, така да само да е музика. Секаде настапувам дури и рурални места ми се многу допаѓаат.“ – додава Богдановиќ.
Започнува да пее откако знае за себе. Вели уште од тогаш знаела дека нејзината работа, љубов и хоби ќе биде музиката.
Лаура Стојанова М-Нет