Пристапен пат на булеварот „Гоце Делчев“ Штип ги вознемири граѓаните, надлежните велат времено е

Пристапен пат на булеварот Гоце Делчев во Штип ги загрижува граѓаните. Реагираат дека во близина на факултет и на средина на булевар според нив е небезбедно да има пристапен пат кој треба да се користи. Прашуваат дали за овој пристапен пат се има добиено соодветна дозвола и дали Законот доволува булеварот да биде пресечен и на него да се направи пристапен пат. Ваквите реакции од граѓаните и прашањата ги упативме до надлежните. Од СВР Штип во телефонски разговор за М-Нет телевизија велат дека дозолата е издадена од страна на општината. Од таму потврдуваат, но велат дека станува збор за времен режим на сообраќај кој ќе се користи додека да биде завршен новиот детален урбанистички план. Потоа булеварот ќе се врати во неговата првобитна состојба.

„ Одобрено е изведба на пристапен пат до новоизградениот објект на булеварот Гоце Делчев по претходно поднесено барање со комплетна документација со доставен сообраќаен проект за изменет сообраќај за времен режим на сообраќај и исто така добиена согласност од МВР и СВР Штип. Овој пристапен пат може да се користи времено, се до реализиција на ДУП каде што на оваа парцела и останатите други парцели кои се во овој дел според урбанистичкиот план е предвидено пристапот да биде преку улицата Славонска Пожелја. Кога ќе се реализира ДУП овој пристап кој сега е изведен треба да се врати улицата во првобитната положба како што е било пред ова.“ – кажаа од општината.

На булеварот Гоце Делчев во Штип на повеќе места има направено пристапни улици, кои според градоначалникот Јорданов се времени и со иработката на ДУП булеварот ќе се врати во првобитната состојба.

Лаура Стојанова М-Нет