Кочани го доби првиот Ценатр за ментално здравје

Денес официјално се отвори новиот ценатр за ментално здравје во општата болница со проширена дејност во Кочани. Центарот е отворен пред официјалнот одбележување на светскиот ден на мнеталното здравје, 10 октомври кој оваа година е под мотото „Да го направиме менталното здравје глобален приоритет за сите“. Центарот треба да опслужува пет до шест илјади амбулантски пацинети на годишно ниво.

“Токму со ова мото се прпезнава потребата да се даде приоритет на грижата за менталното здравје подеднакво како и физичкото здравје. Овој центар во кочанската болница ќе работи 24 часа на ден, седум дена неделно. За таа цел комплетно е реновиран објект во болницата, соодветно е екипиран, а се планира и зајакнување со уште кадар.“ – кажа Сали.

Поддржка во заложбите дава и СЗО, од каде што истакнаа дека ваквиот центар кој денеска се отвори во Кочани е од огромно значење и ќе ги опслужува граѓаните од градот и регионот.,

Вакви центри моментално има во Скопје, Тетово, Гевгелија, Демир Хисар, Струмица и Прилеп, а во иднина ќе има и во други градови во државата.

Лаура Стојанова М-Нет