Утре во Штип ќе се одржи ревијален ватерполо натпревар во чест на Кирил Гранков

Утре, 5 август 2022, со почеток во 18:00 часот, во Аквабела Ресорт во Штип, ќе се одигра ревијален ватерполо натпревар помеѓу ветераните на ВК 8-ми Ноември Штип и ВК Вардар од Скопје. Натпреварот ке биде во чест и сеќавање на Кирил Гранков доајен на пливањето и ватерполото во Штип. Кирил Гранков беше голем вљубеник во ватерполото и еден од најистакнатите ватерполисти на ВК 8-ми Ноември од Штип. Архитект по професија, кој го има направено проектот за затворен базен во Штип. Поканети се сите љубители на ватерполото да го проследат ревијалниот натпревар.