Една година по големите пожари во Кочани, што е променето?

Кочани во пламен. Гореа дрва, куќи, животни, автомобили. Апокалиптични сцени од пламени јазици беа дел од сликата од Кочани минатата година. Пожарот кој пред точно една година го зафати Кочани зад себе остави празни ридови, голи шуми, и ја покажа вистинската потреба од противпожарните служби и сполотеноста на населението. Тогаш не се гледаше политичка опредлеба, се гледаше големината на луѓето за да може да се спаси дрво повеќе. На терен една година подоцна ги прашавме кочанчани што е променето и колку минатогодишните пожари влијаеа за подобрување или не на условите за работа на ТППЕ Кочани. Анкетираните велат добро се работи, но недостасува возен парк.

„Од ова што го гледам како да има некоја промена, да се надевам прво и основно дека нема да дојде до пожари, за да не паднат на тестирање нашите пожарникари„

Пожарите од лани ќе останат длабоко во сеќавањето на кочанчани, бидејќи поголеми огнени стихии не се паметат оддамна. Се надеваат дека сликата од Илинден 2021 година нема да се повтори. Во меѓувреме, Општина Кочани поседува и ДПД кое е формирано минатата година како резултат токму на страшните пожари што ја зафатија општината. Друштвото брои 50 членови кои се обучени за справување со пожари на отворено и шумски пожари. Нивната цел да дејствуваат превентивно и да интервенираат навремено.

Лаура Стојанова М-Нет