Плоштадот „Слобода“ во Штип од наредната година со нови модерни содржини

Ново уредување ќе добие плоштадот „Слобода“ во Штип. Наредната година се очекува плоштадот да добие нови содржини, повеќе зеленило, бидејќи од сегашниот изглед не е задвоелен ниту првиот човек на град Штип, Иван Јорданов. Постојано се случува на плоштадот да има отворени дупки и оштетени плочки, за кои Јорданов истакна дека нема можност да се поправат и да се постават исти такви плочки. Тој е согласен дека овој простор во централното градско подрачје заслужува да изгледа помодерно и поубаво, а тоа ќе се реалзира со средства од Буџетот на општината наредната година.

„Дефинитивно веќе подолг временски период плоштадот Слобода има потреба од промена на изгледот затоа што имаме искршени, руинирани плочки кои има потреба да се променат, но исто така има потреба и од нови содржини, повеќе зелени содржини за да има потреба од поубав и помодерен изглед. Сето тоа го планираме во наредната буџетска година со оптимално, рационално користење на парите на граѓаните, на средствата од Буџетот на Општина Штип да одвоиме износ за реконструкција плоштадот и додавање на нова зелена површина со што овој дел од градот во централното градско подрачје ќе добие модерен и нормален изглед. Јас моментално не сум задоволен како изгледа плоштадот Слобода и затоа претпоставувам дека и граѓаните кои секојдневно го користат наидуваат на искршени плочки кои не можеме да ги промениме затоа што овие плочки се предвидени со проектот кој бил реконструиран првично плоштадот“ – кажа Јорданов.

Инаку, за овој простор реагираа и граѓаните, родители на мали деца, псочувајќи ја опасноста од отворените дупки на средината на плоштадот. Истовремено, овде се случуваат и манисфестации на отворено со посета од поголема група граѓани, па невкусен е вакивио изглед. Плоштадот Слобода во Штип ваквиот изглед го добил пред повеќе од една деценија, откако претходно 40 години не било променето ништо.

Лаура Стојанова М-Нет