
Во Штип во четврток наутро ќе се прска против комарци. Овојпат станува збор за авионска дезинсекција која ќе се спроведе во периодот од 5:00 до 7:30 часот наутро преку овластена фирма.
„На ден 21.7.2022 година, Општина Штип ќе спроведе авионска дезинсекција со цел уништување на возрасните комарци. Со третирањето ќе биде опфатено централното и приградското подрачје, како и течението на река Брегалница и река Отиња и зелените површини во урбаните населби на територијата на општина Штип со површина до 850 хектари. Третирањето ќе се изврши со соодветен препарат.“ – се вели во писменото соопштение од Општина Штип.Во случај на неповолни временски услови, како ветер, дожд и сл., дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден. Од Општината ги известуваат и пчеларите навремено да ги преземат мерките за заштита на пчелите, а сите граѓани за повеќе информации може да се обратат на телефонот за контакт во Општината.
Ова е второ авионско прскање на територија на општина Штип за оваа година, а претходно се спроведоа четири тереистички дезинсекции.
Ребека Спасова М-Нет