СВР Штип приведе тројца заради непочитување на забраната за движење

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (07/08.05) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на СВР Штип три лица не ја почитувале забраната за движење, при што  истите се приведени.

Исто така, според статистичките податоци за изминатото деноноќие на шест лица им се издадени решенија за изолациаја, а пет лица потпишале изјави за самоизолација.

 Од страна на полициски службеници извршени се 22 контроли кај лица во изолација и 49 кај лица во самоизолација.