
Народот никогаш не бил посиромашен, а Владата го сруши стандардот на граѓаните, псочија денеска на прес од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип. Кризите кои ја зафатија државата тешко влијаеа врз граѓаните, бидејќи Владата не успеа навремено и ефикасно да се справи со нив, додаваат од ВМРО ДПМНЕ Штип.
„Откако СДСМ се на власт се соочуваме со најлошото владеење во историјата на Република Македонија, во која граѓаните продолжуваат да бидат најголемите губитници на ваквите политики. Поминавме преку исклучителна здравствена криза во која за жал одговорот на истата беше ненавремен и неефикасен, со голем број изгубени човечки животи. Не беа понудени навремни и кредибилни активности и мерки за соочување со енергетската криза. Високите степн на корупција и нетранспарентност сѐ уште преставуваат пречка за изгубената доверба на граѓаните во институциите во државата. Функционирањето на правосудниот систем и понатаму е тема за загриженост од страна на граѓаните. Оваа Влада не покажа адекватна способност за соочување со економската и финансиска криза и целосно го сруши стандардот на граѓаните“ – кажа Иванов.
Затоа, од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип ги повикуваат граѓаните на закажениот протест пред Влада на 18 јуни во сабота.
„Премногу е сиромаштија, лаги, неспособност, криминал и корупција. Премногу е од скандали, лицемерие, наместени милионски тендери, предавства и понижување. Да излеземе на 18 јуни пред Влада, затоа што ова е заедничка битка за нашата Македонија, за вашата и иднината на вашите деца. Ве повикувам во сабота во 18 часот пред новата пошта да тргнеме заедно на големиот протест за промени и заеднички да кажеме доста е, премногу е! – додаде Иванов.
Протестот пред Влада е закажан од страна на ВМРО ДПМНЕ за промени и пад на Влaдата.
Лаура Стојанова М-Нет