Дали ТППЕ Штип е подготвена за евентуални пожари летниот период?

Во пресрет на летните денови и високите температури кои ќе следуваат има опасност од појава на пожари. Колку ТППЕ Штип се подготвени за евентуални пожари го прашавме командирот, Дарко Коцев. За М Нет телевизија Коцев истакна дека за разлика од претходно сега имаат и опрема и доволно вработени, за да можат да одговорат на сите предизвици.

„Против пожарната единица во овие моменти е со помал интезитет на работа. Секако ги очекуваме високите температури кои допрва ќе дојдат. Ние сме подготвени за секој пожар и предизвик кој ќе дојде. Проблемите се надминати сега, имаме нова опрема, униформа, ново возило така да комплетни сме подготвени за новата сезона.“ – кажа Коцев.

ТППЕ Штип на 13 мај годинава за прв пат после две децении доби нова опрема од 37 броја огноотпорна опрема наменета за шумски пожари, а истовремено доби и опрема за пожари во урбан дел донација од американската амбасада.

Лаура Стојанова М-Нет