Поставен завршниот асфалтен слој на крстосницата во населба Сењак

Поставен завршниот асфалтен слој на крстосницата во населба Сењак. Со ова конечно се завршуваат градежните активности на една од црните точки во Штип. Поради големата фреквенција во јануари месец беше одлучено овде да се постават семафори и да се прошири крстосница, за потоа во февруари да започнат и градежните активности. За крстосницата долго време се шпекулираше дека ќе се постави кружен тек, но немаше можност за истиот. По ова прашање беа поделени и мислењата на граѓаните.

Во април во консултации со Министерството за транспорт и врски, кога и активностите беа во мирување, беше променет проектот, со што дополнителните ленти треба да обезбедат побрз проток на возила и поголема безбедност. Минатиот месец се постави првиот асфалтен слој и светлосната сигнализација. Во меѓувреме, имаше и низа препирки за тоа дали проектот е на власта или опозицијата.

Крстосницата е инвестиција од 11.000.000 денари преку Светска банка и Министерството за транспорт и врски.

Ребека Спасова М-Нет