Прв асфалтен слој добија улиците „Ристо Стојков“ и „Баница“ во населба Пребег во Штип

Започна афалтирање на двете улици во населба Пребег во Општина Штип. На површина од 1600 метри квадратни се постави првиот асфалтен слој, а средствата се обезбедени од Буџетот на општината.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов асфалтирањето на улиците го најави на почетокот на неделата, а се работи на повеќе локации во градот. Граѓаните кои живеат во населба Пребег се задоволни од брзината со која се работи, но додаваат дека треба да се направат и тротоарите за населбата да го добие вистинскиот лик кој го заслужува.

„Од формирањето на населбата тоа е преку 40 години, а ископано е во август минатата година, мене ми е прекрасно, оваа Власт работи како да наредниот месец ќе има избори. Јас сум задоволен“

„Потреба овде имаше многу оддамна, но не се само улиците, во нашата населба треба да се направат и тротоарите’

Во текот на денот се асфалтираше и тротоарот на улица Васко Караѓеловски, кој исто така е финансиран од Буџетот на Општина Штип. За површина од 900 метри квадратни потрошени се 561.437 денари.

Лаура Стојанова М-Нет