Ампева: Околу илјада текстилни работници добиле плата под минималната

Наместо 18 илјади денари колку што изнесува минималната плата во државата во моментот, на околу илјада текстилни работници им се исплатени по 16 илјади или 17 илјади денари. Седум компании од Источниот регион не ја исплатиле во целост минималната плата на своите работници, па тие пријавиле во здружените Гласен текстилец Штип. Ова е само првична бројка, а пријавите се собрани за пет дена, вели претседателката Кристина Ампева. Таа додава дека има околу илјада работници кои добиле минимална плата, но без исплатени додатоци. Забележа дека заради владините субвенции за минималецот во одредени фирми и супер маркети платите им задоцниле на работниците. Ампева се чуди како низ системот на државните институции поминува да се исплати под минималец и тоа за редовно работење.

„Вчера добивме една пријава каде што велат дека дадени им се нови анекси со променет договор односно со новата сум од 18 илјади денари, но имаат исплата од 16 – 17 илјади денари. Како мине тоа не знам. Затоа и сметав дека ќе има некаков напредок после сите оние соопштенија кои ги правевме во времето на короната“ – кажа Ампева.

Од Управата за јавни приходи велат дека во моментов се прават анализите и колку македонски фирми исплатители плата под минималната на работниците, за што дополнително ќе ја информираат јавност. Зголемувањето на минималната плата сепак не ги полни фабричките хали. Нарачките од странските партнери се зголемени поради тоа што заминуваат од Украина, а работници недостасуваат.

„Само во 2020 година од март до декември беа опуштени седум илјади работници, е сега тие работници не се веќе тука, ги нема на пазарот на трудот“ – додава Амепва.

Ампева и од Гласен Текстилец остануваат на ставот дека со минималната плата требаше да се следи нивниот предлог, кој беше по примерот на Црна Гора, каде минималецот е 450 евра.

Лаура Стојанова М-Нет