Дали преку решение на регионално ниво ќе се надмине проблемот со кучињата скитници?

Долгогодишниот проблем со кучињата скитници на територија на Општина Штип, денеска тема за дебата и на Советот на Општината. Штип веќе подолго време нема стационар, а нема ниту оператор кој ќе се грижи за заловување и хумано третирање на кучињата скитници. А, кучиња се донесуваат и од други општини реагираа советниците од СДСМ, истовремено додавајќи дека потребно меѓуопштинско решавање на проблемот.

„Дури и од други општини од Пробиштип, од Свети Николе се носта и се пуштаат кучињата слободно да шетаат низ градот и некаде да направат некој проблем“ – истакна Бојаџиски.

„Општина Штип распишува тендер или јавна набавка за избирање на економски оператор кој ќе се грижи за оваа дејност, но што доколку таа набавка не биде успешна и доколку на тој тендер не се јави никој соодветен оператор?“ – додаде Стојчевски.

Во изминатите неколку месеци не се врши заловување на бездомните кучиња бидејќи операторот еднострано го раскина договорот, истакнаа од општината. Од тамо додадоа дека бројот на кучиња скитници се зголемува заради несовесните граѓани пред сѐ кои ги оставаат кучињата на улица. Овде не ја исклучуваат информацијата дека кучиња се донесуваат и од други општини.

„Бројот на зголемени кучиња не е од тие третирани кучиња дека тие се кучат по неколку пати и се зголемува бројот, туку најчесто е од несовесни граѓани кои земаат кутре два – три месеци го чуваат, многу големо пораснало и пушти на улица“ – кажа Горгиевски.

Свое видување во врска со оваа тема даде и градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Тој истакна дека проблемот е од регионално значење и исто како прскањето против комарци може се третира на регионално ниво.

„Сметам дека исто како и прскањето против комарци кое своевремено е решавано регионално, исто така и заловувањето и третирањето на кучињата скитници може да биде на регионално ниво.“ – додаде Јорданов.

Општина Штип на годишно ниво плаќа по илјада до две илјади евра штета на граѓани кои биле каснати од куче скитник.

Лаура Стојанова М-Нет