
Штрајкот на вработените во градинките и училиштата продолжува втора недела по ред. Меѓутоа, во детската градинка „Вера Циривири Трена“ – Штип сите дечиња кои имаат потреба од згрижување не се примаат во установата. Родители регираат до нашата редакција дека утринава децата биле вратени назад, со одговор дека се примаат само дечиња од групата јазли. Претходната недела пак имало случаи во кои децата се враќале назад со образложение дека во детската градинка нема вода.
На ова од директорката на градинката, Софка Атанасова не добивме одговр бидејќи не успеавме да ја добиеме на телефон.
За случајот бил известен и првиот човек на град Штип, Иван Јорданов, додадоа родителите. Тој потврди дека случајот е пријавен и кај него, меѓутоа од Локална самоуправа не можат да дадт помош бидејќи моментално во Заводот за вработување нема пријавено кадар кои би одговарал на барањата на детската градинка.
„Истата реакција стигна и до мене. Родителите кои се одбиени нивните деца да ги остават во градинка реагираа затоа што од страна на директорката и било укажано дека јас како градоначалник сум одговорен за ова. Категорично го отфрлам тоа, затоа што единствен одговорен за менаџирање за згрижување на децата во детската градинка Вера Циривири Трена е директорот кој е поставен таму и треба одговорно да се однесува“ – кажа Јораднов.
Првиот ден од штрајкот, Атанасова исткана дека е побарано на 6 април од страна на градоначалникот да се обезбеди заменски кадар. На ова Јорданов истакна дека проблемот е комплксен и дека Владата што побргу треба да изнајде соодветно решение.
СОНК и Владата во текот на вчерашниот ден се обидоа да најдат решение и штрајкот да престане, но решение сѐ уште нема.
Лаура Стојанова М-Нет