
Втора оставка на советник од Советот на Општина Штип. По Емил Павлов, и Сенада Ибраимова, советничката од Левица, даде писмена оставка од советничкото место. Оставката Ибраимова ја доставила до претседателката на Советот на 1 април 2022 година, а истата беше констатирана на денешната седница.
На ова од прес – службата на партијата Левица истакаа дека Ибраимова се повлекува од локалната политика, што е причина за дадената оставка.
„Сенада Ибраимова ќе биде ангажирана во националната политика во партиското ниво со што се повлекува од локалната политика. Ова е причината за доставената оставка од советничката функција, а и онака таа не живее во Штип. На нејзино место доаѓа универзитетски професор од Штип.“ – истакнаа од партиската прес – служба.
На местото на Ибраимова доаѓа Ангеле Михајловски, кој беше втор на советничката листа на партијата за последните локални избори во 2021 година, а чиј мандат би требало да се верификува на следната седница на Советот. Партијата Левица во Советот на Општина Штип учествува само со еден советник.
Ребека Спасова М-Нет