
Промовиран тематскиот лексикон од археологот Трајче Нацев. Лексиконот се однесува на ранохристијанскиот период 1. до 6. век и почетокот на седми. Истиот опфаќа 665 термини, а над 70% се покриени со илустрации. Поимите ги опфаќаат степените на развој на христијанството, а во лексионот се содржат архитектурата, уметноста, делови од историјата и црковни термини.
„Јас размислував да биде ранохристијански лексикон којшто ќе биде поврзан исклучиво со ранохристијанската литература и во кој со секој термин ќе биде покриен со фотографија или цртеж. Меѓутоа, кога ќе почнете да пишувате, ви се раѓаат повеќе идеи. Тогаш дојдов до ситуација покрај архитектурата во неа да ги вткаам и другите термини користени во тој период, а од кои дел се користат и денес“, вели авторот.
Лексиконот е наменет пред се’ за студентите кои студираат археологија, историја на уметноста, архитектурата, теологија и за верниците кои го почитуваат културното наследство. Лексиконот е израз на спојот на праксата и теоријата, а Нацев вели дека теренската работа и наставата е од суштинско значење и тој и студентите немаат престанато со истата.
Ребека Спасова М-Нет