Децата со ретки болести ослободени од партиципација во градинките, одбележан 28 февруари во Штип

Преку цртежи и обојување на рацете во различни бои утринава во Мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“ во Штип се одбележа 28 февруари, светскиот ден на ретките болести. Да се покаже дека сите сме исти и еднакви и со цел поголема вклученост на институциите, се спроведе оваа активност за и лицата со ретки болести да се чувствуваат дел од општеството.

Оваа акција која денес ја спроведуваме е прв пат во нашиот град со која сакаме да ја подигнеме јавна свест за ретките болести. Акцијата се одвива на тој начин на кој што поканивме ученици од средното медицинско училиште во Штип да оставарт една работилница и преку нивните идеи ќе ја дадат поддршката за ретките болести. Целта е да дадеме помош и поддршка на сите семејства и засегнати лица“ – кажа Јоредва.

Претходната недела општинаската зграда во Општина Штип беше обоена во разни бои во знак на поддршка на ретките болести. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов истакна дека децата со ретки болести нема да плаќаат партиципација во градинките како една од активностите.

„Знаете дека овие денови општинската зграда е обоена во знак на поддршка. Но, ние нема да застанеме овде. Со одлука на совет сите деца со ретки болести ќе бидат ослободени од плаќање партиципација во градинките“ – додаде Јорданов.

Главни актери на денешниот настан беа учениците од СОУ „Јане Сандански“ од Штип кои преку цртежи ги доловуваа своите видувања за ретките болести.

„Јас како претставник на средното медицинско училиште заедно со 20 ученици сме овде да дадеме поддршка на лицата со ретки болести. Како училиште овде сме да им дадеме голема поддршка на здружението ПКУ Херои, но и на ваквите дечиња бидејќи тие се навистина херои“ – истакна Гичева.

Дено на ретките болести се одбележува од 2008 година на последниот февруарски ден низ целиот свет. Активностите пред сѐ се иломинација на објкетите, организирање на разни работилници, споделување на едукативни материјали со цел да се подигне свеста кај населението и институциите во врска со ретките болести.

Лаура Стојанова М-Нет