Со нов мозаик ќе биде декориран просторот околу Дом на култура „Ацо Шопов“ Штип

Просторот околу Домот на култура Ацо Шопов Штип за месец и половина ќе биде декориран со нов мозаик. Имено, од денеска започна со изработка проектот „Мозикот денес“ кои се изработува од вредните раце на талентирани ученици од Основнот училиште „Ванчо Прќе“ Штип, во соработка со Домот на култура, а по идеа на Александра Димитрова. Пред камерите на М-Нет телевизија Димитрова вели идејата е нејзина, скицата исто така, но напорот и посветената работа на самиите ученици.

„Овој проект веќе втора година го реализираме со наслов „Мозаикот денес“. Целта и идејата мене како автор ми беше да она знаење кое го имам и поседувам во однос техниката мозик, од подготовки до скица и реалициија, верувајте тоа е долг процес кој бара енергија и време, но со вакви вредни дечиња и ваква енергија ќе се постигне целта.“ – кажа Димитрова.

Целта на редењето на мозаик е да го релаксира уметникот односно создавачот, истовремено да се искориста плочките и материјалите за да се зодаде ново дело. Учениците од основното училиште Ванќо Прќе велат за нив ова преставува вистински начин за да се икористи слободното време и да се релаксираат.

Ова не е прв мозаик во Општина Штип. На предниот дел од Домот на култура “Ацо Шопов“ Штип веќе е поставен еден мозик, овој ќе биде надополнување за поразличен и попривлечен изглед. Се очекува мозикот да биде готов до 15 април годинава кога е впрочем и Светскиот ден на уметноста.

Лаура Стојанова М-Нет