Одроните на автотпатот Штип – Миладиновци сѐ уште не се отстранети, за надлежните се приоритет

Одроните на автопатот Штип Миладиновци се уште не се отстранети. И повеќе од два месеци се вози по една коловозна лента.

Пред повеќе од десетина дена директорот на ЈПДП истакна дека во тек е постапка за расчистување на овие одрони, додавајќи дека првата јавна набавка за оваа година ќе биде изборот на изведувач за расчистување на одроните на овој патен правец.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, денеска од Кочани истакна дека ЈПДП има јавна набавка, бидејќи брзо решение на овој проблем е повеќе од потребно.

„Веќе ЈПДП има јавна набавка за компанија која ќе изврши санација на одронот, бидејќи секако дека не смееме да пристапиме кон брзо решение кое ќе биде и штетно решение. Заради тоа најпрвин и професорите од градежниот факултет и стручните лица направија увид и испитување на тие карпи и косини за да се прави набавка за избор на компанија која ќе излезе на терен и ќе ги санира одроните“ – кажа Бочварски.

Во меѓувреме, во помал размер свлечено земјиште има на уште едно место на истиот патен правец.

Автопатот Штип Миладиновци е автопатот кој се направи последен во државата. Завршен беше во 2017 година, а пуштен во употреба во 2019година. Но веќе два месец поради два големи одрони кои зафаќаат две коловозни ленти граѓаните се принудени да се движат само по една, од Свети Николе до Скопје.

Лаура Стојанова М-Нет