Новата власт на Свети Николе е против депонијата кај с. Мечкуевци, градоначалникот најави референдум

Новата Локалната самоуправа на Свети Николе и градоначалникот Дејан Владев се против депонијата близу с. Мечкуевци. Советот на Општина Свети Николе сѐ уште нема донесено одлука да биде дел од претпријатието во кое членуваат 20 општини, а кое треба да стопанисува со депонијата. Како што вели, Владев уште во предизборието го застапувале овој став, а истакна дека и во следниот период ќе направат сѐ за да го спречат формирањето на депонијата.

Владев имал состанок со претставници од Министерството за животна средина и побарал депонијата да се лоцира кај Богословец. Тој најави дека ќе распише и референдум за или против изградбата на регионалната депонија. Инаку, Општина Свети Николе има потпишано договор според кој ако се откаже од проектот треба да ги плати сите досегашни трошоци од грантот на Европската Унија.

Ребека Спасова М-Нет