
Бездомните кучиња и понатаму останува еден од најголемите проблеми во Општина Штип. На улиците во градот под Исарот секојдневно може да се забележи глутница кучиња, секојдневно се донесуваат нови од други градови, а опасност истите преставуваат и за граѓаните. Но, од друга страна пак се поставува прашањето колку и каков е третманот на кучињата оставени на улица. Стационарот во Штип не работи, се чека нов оператор, а тендерот ќе се распише наредниве денови, вели првиот човек на град Штип, Иван Јорданов.
„Планот за јавни набавки за 2022 година е веќе донесен во кој е предвидено третирање, заловување и распишување тендер за бездомни кучиња. Ние сме веќе во постапка во наредните неколку денови за распишување на тој тендер, затоа што го донесовме планот за јавни набавки. Мора да ги проследиме Законските нормативи, да можеме првично да го испланираме во буџетската година овој финансиски издаток како Општина Штип, а веќе сега и да го проследиме, така да во наредните неколку денови и недели постапката за избор на нов оператор ќе биде завршена“ – кажа Јорданов.
Со проблемот Јорданов вели дека се затечени од претходно, но истовремено се даваат сите напори за истиот да биде минато. Наследно е и неработењето на стационарот во Штип, па од овде Јорднов вели дека притисоците од јавноста се оправдани.
Според Јорданов откако ќе биде избран новиот оператор заловувањето на бездомните кучиња и нивното хумано третирање ќе бидат приорите, а со тоа ќе се зачува безбедноста на граѓаните.
Лаура Стојанова М-Нет