
Дали врнежите од снег во јануари ги фатија неподготвени надлежните во Македонска Каменица. ЈП Камена река Каменица, Сол и песок се уште нема набавено, поради недоразбирања околу тендерот, вработени има за градските средини, но за селските на предизвикот треба да одговори второ рангираниот оператор, кажа новиот директор на ЈП Камена река, Влатко Димитровски.
„Што се однесува на операторите за чистење на снег, јавното комунално претпријатие со механизација и кадар добро располага, сите се спремни. За селските средини најверојатно второ рангираниот оператор кој учествуваше во тендерот ќе одговори на предизвиците“ – кажа Димитровски.
Сегашниот број на вработени во ова јавно претпријатие е доволен за да се излезе во пресрет на брањата на граѓаните, додаде Димитровски. Има вработени и со решенија, и на договор на дело, но за сега нема предвудувања да се вработат нови лица.
Лаура Стојанова М-Нет