
Со осум гласа „за“ и седум воздржани е изгласан буџетот на Општина Берово за оваа тековна 2022 година. Споредбено со претходната година, истиот нема драстично зголемување или намалување. Како еден од најзначајните проекти е реконструкција на филтер станицата во Берово, истакна градоначалникот Звонко Пекевски. Истовремено, ќе се работи и на инфраструктура, улици, патишта и тротоари.
„Истиот тежи вкупно 12 милиони денари. Во делот на изворните приходи останува непроменет, колку што беше и претходната година. Главните проекти во текот на 2022 година е реконструкцијата на филтер – станицата преку Министерството за животна средина и просторно планирање. Понатаму, реконструкција на улици во с. Смојмирово и с. Русиново, кои одамна се во лоша состојба. Изградба на ул. „Ширината“ во Берово и неколку други помали улици во градот. Во делот на изградбата на локални патишта ќе продолжи проектот преку СБ за изградба на улица во с. Двориште“, истакна Пекевски.
Со овој Буџет се очекува интезивна година во која ќе се реалзираат поголем број на проекти. Светлина на денот ќе види и улицата во туристичката населба Беровско езеро, како и незјино осветлување, финансирани преку Министерството за локална самоуправа, додаде Пекевски.
Лаура Стојанова М-Нет