Поставен „Црвениот тепих на хуманоста“ во Штип, за празнична магија во сечиј дом

Поставен црвениот тепих на хумансота во Штип. Имено, во наредните три дена на пункт поставен кај малиот плоштад во Штип, се собраат донациии од грагани, организации, комапнии со цел за Божиќ да се израдуваат семејствата на кои овие намирници им се повеќе од потребни. Ова се организиран наместо Бадниковите поворки, а Црвениот тепих на хуманоста е поставен покрај Божикната пештера, со цел симболично да се истане најголемата христијанска должност, хуманоста.

„Главна цел е да се донира и да се собере исклучително нерасиплива храна за и нашите сограѓани од ранливите категории радосно да ги поминат празниците. Собраните донации со нерасиплива храна ќе ги дистрибуираме непосредно пред Божиќните празници на нашите сограѓани на кои им е потребна помош“ – кажа Милорадова.

Во мрежата на доброволци се вбројуваат граѓани од сите генерации. Истовремено, се апелира до сите кои се во можност да донираат со цел и семејствата од ранлива категорија на некој начин да ја почувствуваат парничната магија.

Бадниковите поворки се организираат секоја година по повод христијанскиот празник Божиќ. Годинава истите се заменети со големи хуманитарни акции. Целта единствена од срце за срце, од луѓе за луѓе, сплотени да се всели радост и пранична магија во сечиј дом.

Лаура Стојанова М-Нет