Борачите на Балканец на базични подготовки на Плачковица

Борачите на Балканец ги користат природните убавини и рекреативни можности на планината Плачковица кaде што ќе се подготвуваат 10 дена. Ова следува на крајот на оваа календарска година а ќе биде подготовка и полнење на батериите за претстојните искушенија кои ќе ги донесе новата 2022 година.

Младите борачи на Балканец се сместени во одличниот амбиент на планинарскиот дом Вртешка и работат под будното око на своите тренери Бобан Данов, Горан Стојанов и Мијалче Ананиев, а таму присуствува и претседателот Виктор Богданов. На заедничкиот собир во Вртешка се подготвуваат пионерите, кадетите и младинците кои уште на стартот во новата година ги очекува првиот изборен турнир.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk