Средба на Мицкоски со бизнис секторот во Штип, ќе се формира ново економско тело

Денеска во посета на Општина Штип беше Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој заедно со градоначалникот на Штип, Иван Јорданов оставрија средба со бизнис секторот. Мицкоски истакна дека со нивна помош ќе се отворат нови работи места и ќе се подобрат условите за живот конкретно за штипјани, но и за граѓаните од регионот. Истовремно излегоа и на терен каде се направи увид во работата на проектите кои веќе се започнати.

„Бевме малку и на терен да видими неколку тековни проекти кои се во реализација или да бидам попрецизен почнуваат да се реализираат, бидејќи сме ветувале, сме презеле обврска пред граѓаните и тоа треба да се реализира. Доста се порази и разочарувања, граѓаните треба да почнат да победуваат, а ние како генерација политичари оваа наша работа ја разбираме само како слуги на народот. Ќе имаме средба и со сопенствениците од Штип, луѓето кои се херои на современот живеење, бидејќи тие работат и обезбедуваат егзистенција“ – кажа Мицкоски.

Се работи и на формирање на Економски совет, тело кое што значително би требало да ја подобри динамиката на соработка меѓу сопанствениците и Општина Штип. Се презентираше и плнот за работа на градот под Исарот.

Ова е една во низата посети кои ги прави лидерот на ВМРО ДПМНЕ во градовите низ државата, а денеска тоа се оствари во Штип.

Лаура Стојанова М-Нет