
Денешното 13 второлигашко коло го одбележа големиот триумф на „четата“ на тренерот Никола Кузманов на жешкиот терен во Прилеп против директниот конкурент за првото место. Победа забележа и тимот на Каменица Саса во Радовиш со што се врати на втората позиција. Екипата на Кит Го тешко, но сосема заслужено славеше на градски во Штип против денес расположениот тим на Братство. Кит Го во водство дојде во 17 м. со атрактивниот гол на капитенот Бошко Ступиќ а по одличната асистенција од Зоран Андонов. Гостите кои играа отворено и бескомпромисно направија изненадувае и го израмнија резултатот на1:1 во 55 м. со голот што го постигна Ерхан Шаип. Следуваше огромен притисок на домашните играчи, но и брзи и опасни гостински контранапади. Во 85 м. во казнетиот простор на гостите беше срушен Леон Цуцковски а судијата Пларент Салихи покажа на белата точка. Сигурен реализатор од 11 м. беше повторно капитенот Бошко Ступиќ со што се постави и конечниот резултат Кит Го – Братство 2:1. Еве ги комплетните резултати од ова коло:
- Кит Го – Братство 2:1
- Беласица – Кожув 1:1
- Детонит Каменица Саса 1:3
- Победа – Слога 1:2
- Локомотива – Осогово 1:1
ТАБЕЛА
- Слога 31
- К. Саса 27
- Победа 26
- Беласица 24
- Кит Го 19
- Осогово 18
- Детонит 14
- Кожув 14
- Локомотива 6
- Братство 4
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk