
Не престануваат Карате возбудувањата во Македонија, претстои големо меѓународно натпреварување на кое ќе не претставуваат и наши штипски каратисти. Во друштво на најдобрите светски каратисти ќе биде голема одговорноста, но и честа и вниманието на секој наш поединец да се прикаже во најдобро можно светло.
Емил Павлов ќе настапи во нова категорија – 67 кг. бидејќи се потешко може да се одржува неговата стандардна досега категорија – 60 кг. Светското Карате првенство во Дубаи ќе се одржи во терминот од 16 до 23 ноември а нашите каратисти претходно ќе се подготвуваат на Косово и во Дојран заедно со уште неколку репрезентативни селекции. Во комплетниот состав на македонската репрезентација покрај Емил Павлов и Жарко Арсовски ќе настапат уште и останатите репрезентативци во Борби и во Кати, како во поединечна така и во екипна конкуренција.
Ова е уште една можност, уште една шанса Емил Павлов и Жарко Арсовски да блеснат во сиот свој раскош и крајот на оваа календарска година да го красат со нови вредни успеси и резултати. Спортската редакција на Мнет ТВ им посакува пред се добра ждрепка, одлични борби и во најдобра можна светлост освојување на вредни одличја кои ќе ги красат нивните гради.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk