Доделени уверенијата на новите членови на Советот во Општина Штип

На свечена седница во салата на Општина Штип утринава од страна на ОИК беа доделени уверенијата на новите советници на Советот на Општина Штип. 13 советници од владејачката ВМРО ДПМНЕ, 9 советници од најголемата опозициска партија СДСМ и еден советник од политичката партија Левица ќе одлучуваат за проектите во градот под Исарот. Доктори, спортисти, економисти, помлади и повозрасни, нови и веќе искусни граѓани, се дел од новиот состав на Советот на Штип.

Поубав и попросперитетен град е желбата на сите советници кои ќе водат жесток битка за Штип да го добие она што го заслужува. И едните и другите истакнаа дека ќе работат во интерес на граѓаните.

Штип е центар на Истокот, а со одлуките донесени на Советот надежта е дека градот ќе биде место во кое гордо ќе се живее.

Лаура Стојанова М-Нет