Фудбалските прволигаши ќе играат во недела, Брегалница ќе гостува во Битола

Екипата на Брегалница во средата успеа да оствари пласман пласирајќи се во четврт-финалната фаза од македонскиот фудбалски куп и во недела продолжува со првенствените натпревари. Брегалница ќе гостува на Пелистер во Битола каде што ја очекува неизвесна борба со ранетите битолчани кои се „заковани“ на последното 12 место на табелата со 4 бодови од нерешени средби а без победа. Лошиот старт сакаат да го подобрат со прва победа а тоа дали ќе го остварат зависи од играта на Брегалница. Штипските сини се искачија на високото 4 место и безгрижно ќе патуваат на овој меч сега засилени со шпицот Андреј Кудијан кој по долга пауза поради повреда се врати во куп средбата против Охрид и веќе во првиот контакт со топката постигна гол. Еве ги комплетните парови за ова 11 коло:

  1. Шкупи – Ренова
  2. Македонија ЃП – Струга ТЛ
  3. Скопје – Тиквеш
  4. Шкендија – Работнички
  5. Борец – А. Пандев
  6. Пелистер – Брегалница

Освен средбата Шкупи – Ренова која ќе се одигра денес во сабота, сите други натпревари ќе се одиграат во недела 24 октомври со почеток во 14.00 часот.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk