Со новиот Футсал клуб се формира и нова навивачка група – Кардшлк

Веќе е познато дека во новата второлигашка Футсал сезона ќе настапат дури три екипи од Штип. Тоа се минатогодишните прволигаши кои не успеаја да го задржат тој статус, Астибо и Мал Ајакс и новоформираниот тим Кардшлк. Според информаците од главниот менаџер на Кардшлк, Ведат Адемов навивачите на овој некогаш респектабилен тим се одлучија да формираат и своја навивачка група во стилот на Ултра Банда и на Фаланга и ја нарекоа едноставно Кардшлк.

Тие најавуваат дека ќе бидат ветер во грб на своите миленици и ќе ги бодрат како на домашен така и на гостински терен. Веќе е извршена ждрепката за новата второлигашка Футсал сезона и во првото коло ќе има големо штипско дерби, односно во спортската сала Тошо Арсов ќе се сретнат екипите на Астибо и на Кардшлк.Од менаџерот Ведат Адемов стигна и информацијата дека веќе се врши упис и за наjмладите членови во пионерско – младинската школа за сите ониe млади кои ја милуваат фудбалска игра. Инаку првенството во Втората Македонска Футсал лига ќе започне на 30 октомври а третиот штипски второлигаш Мал Ајакс исто така во Штип ќе се сретне со екипата на Форца од Куманово. Еве ги комплетните парови за ова прво коло:

1.Проект Јосифово – Клими Кавадарци

2. Кеги Мови – Црешово Топче

3. Астибо – Кардшлк

4. Конзули – Велешта

5. Сее – Овче Поле

6. Мал Ајакс – Форца

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk