
Со мини митинг во населбата Блок 70 или популарно позната како Леваци заокружена предизборната кампања на СДСМ. Кандидатот за градоначалник, Сашко Николов, во позитивна енергија и пригоден говор задоволно ја затвори кампањата.
„Ја завршуваме оваа наша приказна, оваа наша поезија, оваа наша убавина којашто четири години ја креиравме. Во овие четири години направивме една убава анализа на пазарот, убава анализа на улиците, убава анализа меѓу граѓаните. Направивме анализа што е потребно за нашите сограѓани да бидат со насмеани лица и да ја задржиме младината во оваа наша општина. Тоа сето го срочивме во една преубава програма којашто ќе биде реализирана. Од срце за најдоброто за Штип! Победуваме во првиот круг на 17 октомври во 19:00 часот на Плоштадот!“ – истакна Николов.
Николов ги повика штипјани во недела да излезат на изборите и на избирачките ливчиња да го заокружат бројот 12 за градоначалник и советници од СДСМ.
Ребека Спасова МНет