
Денеска 15 октомври се одбележува светскиот ден на слепите лица. По тој повод во Здружението за слепи лица во Штип утринава се дискутираше токму за проблемите со кои се соочуваат слепите лица, и потребите кои ги имаат особено слепите самци. Претседателот на здружението, Драги Витанов истакна дел од работите кои треба да бидат променети.
„би упатил еден апел до сите возачи да внимаваат кога ги паркираат и каде ги паркираат возилата. Доколку веќе ги паркираат на тротоарот возила ги молам да остават простор да се движат и слепите лица и лицата во колички. Друг проблем со кој се соочуваме, имаме и помлади и постари слепи лица кои сами живеат, се снаоѓаат како знаат и умеат, остануваат и по неколку дена без храна, што значат дека преживуват“ – кажа Витанов.
Слепите сами лица имаат потреба од асистенција, бидејќи имаат потреба да излезат од своите домови. Во спротивно кај нив се собира негатива енергија често пати и депресија. Колку е тешко да не може човек да го види животот околу себе знаат само слепите лица, истакна Витанов, а Ливанта Дивчова тоа го долови бидејќи го живее.
На крајот средбата заврши со пораки за добро здравје до одбележување на овој ден догодина. Во меѓувреме со очекувања дека барем дел од нивните проблеми и потреби ќе бидат решени.
Лаура Стојанова М-Нет