
Книгата да биде секојдневие на секое дете, а можноста и дечињата од приградските и рурални средини да се запознаат со своите омилени ликови од приказните беше овозможена преку проектот за библиотека на тркала, која во изминатиот период посети 14 села и пет приградски населби во општините Штип и Карбинци. Среќа на тркала или инфо бусот постои веќе 18 години, а штипската библиотека е домаќин на американскот катче од 2010 година.
„Целта на овој проект е достапност на книгата, промоција на услугите и програмата на американското катче во руралните средини, како и организирање на креативни работилници и разновидни настани. Она што сакаме да го постигнеме со ова е програмско дејствување и продлабочување на соработката меѓу двете институции. Во 2021 година инфобусот е комплетиран со нови уреди“ – кажа Ивана Стојанова.
Преку разни активности и работилници на дечињата им се покажа дека и библиотеките може да бидат забавни. Преку игра и забва, со ангажирање на професионални аниматори инфо бусот ги посети сите приградски училишта во Штип и Карбинци.
Библиотеката е храм на знаење, а и во новото нормално продолжува со организирање на настани на отворено, со почитување на мерките за заштита од ковид 19. Со ова делумно се надминати новите предизвикувачки ситуации. Бидејќи како што истакна Чарлс Дарвин „Не преживуваат најсилните и најинтелигентните, туку оние кои најдобро се прилагодуваат на промените“.
Лаура Стојанова М-Нет