
Проект за изградба на зелен рекреативно излетнички појас „Суитлак“ е дел од изборната кампања на кандидатот за градоначалник од коалицијата ЛДП ДОМ, Ванчо Санев. Со ова Штип ќе добие вистински бели дробови, а предвидена е и изградба на локални патишта со кој ќе се овозможи повтроно да се одгледува познатата штипска цреша, додаде Санев.
„Станува збор за простор источно и јужно од Штип кој ќе биде претворен во вистински бели дробови на градот, велам вистински затоа што во моментот е напуштен. Станува збор за голем број на лозја, градини и овоштарници, место каде што порано се одгледуваше познатата штипска цреша. Предвидуваме изградба на тесни, локални патишта во длабочина од четири километри, од Штип кон Попова чешма, Липовдолски пат, Долански пат, Струмена чешма, Навакова чешма и реконструкција на стариот пат до Долани и Љуботен“ – кажа Санев
Со ова целото пространство ќе добие излетничко рекреативен карактер кој ќе може да се користи за велосипедизам, шеталишта и рекреација додаде Санев.
Лаура Стојанова М-Нет